• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Петкоска: Цврстата определба да ја исправиме македонската економија е нашиот врвен приоритет

Петкоска: Цврстата определба да ја исправиме македонската економија е нашиот врвен приоритет

Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5 од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија потенцира дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка и враќање на имиџот на земјата кај странските инвеститори.

 |   | 

Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет! – истакна денеска на прес конференција  Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5 од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија.

„Силна економија не може да се замисли без заедничка соработка и силно партнерство помеѓу државата и бизнис-заедницата и поддршка на истата преку креирање на поволни услови за водење бизнис. За таа цел, се обврзуваме најпрвин да го подобриме правниот систем, за да ги намалиме правните бариери – непотребните закони, бројните правила и процедури, како и големиот број парафискални давачки кои го ограничуваат бизнисот и истовремено ги зголемуваат трошоците. “ – кажа Петкоска.

Дополнително се обврзуваме да ја зголемиме транспарентноста во постапките и да ги намалиме процедурите за добивање на разни лиценци кои ги издаваат државните институции.  Работодавците ќе добијат можност за пробно ангажирање на нововработени а  ја разгледаме и можноста за ангажирање за сезонска работа за средношколци и пензионери.

„ Посебен фокус ќе биде ставен на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија, за што ќе биде изработен и бесплатно промовиран каталог на економски закони кои се важни за нивното работење. Зголемувајќи ја флексибилноста на пазарот на труд ќе ја унапредиме ефикасноста на претпријатијата, што ќе значи зголемена сатисфакција кај вработените, посебно кај новите родители и вработените кои се стремат кон доедукација и доусовршување. – истакна кандидатката за пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Доколку ја добијат довербата, Петкоска потенцира дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка. Со тоа ќе го вратиме имиџот кај странските инвеститори кои на нашата земја ќе гледаат како на следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места, рече Петкоска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top