За пет години во Охрид целосно ќе бидат заменети азбестните цевки

До 2020 година во Охрид треба да  бидат заменети сите азбестно-цементни цевки, најавуваат од РЕ Водовод. Досега од далечната 1960 кога се поставени азбестните цефки во градов заменети се помалку од половина или 25 од вкупно 53 километри водоводна мрежа. Стручните лица апелираат тој процес да се одвива побрзо бидејќи азбестот е многу штетен по здравјето на луѓето.

 |  Николоска Биљана  | 
cevki
цевки

sotiroski

Во Охрид има 28 километри незаменти азбестно-цементни водоводни цевки. Поголеми потези опфатени со вакви цевки сеуште има на ул „Гоце Делчев“ од амбуланта Воска до Подмоље, на бул. Туристичка на потегот од стара царина до влезот на Охрид. Од ЈП Водовод велат дека азбестните цефки треба да бидат  целосно отстранети во следните пет години. Според податоците на РЕ Водовод Охрид во далечната 1960 до 1972 година на територијата на општината биле монтирани околу 53 километри азбестни цевки. Од тогаш па наваму како што појаснува раководителот Сашо Сотироски со МЕАП проектот од 2002 до 2006 биле заменети 25 километри. Потоа замената течела поспоро поради немање финансиски средства.

„Од тој период па навака имаме стагнација бидејќи врзани сме со финансиската структура, односно немаме доволно средства да извршиме дозамена на преостанатиот дел од 28 000 метри должни. cevkiНе сме доволно финансиски моќни за да извршиме комплетна дозамена во наредниов период меѓутоа етапно по помали делници од 150-300 метри во текот до 2020 година планираме да извршиме комплетна реализација на овој вид на материјал“ – потенцира Сотироски.

Сотироски нагласува дека замената се врши со поквалитетен материја по предходно извршена анализа на потрошувачката, со што се димензионирал и пресекот на цефката односно профилот.

„Замената на азбест-цементните цевки го вршиме со полиетиленски материјали наши производи претежно набавени според тендер од наши компании. Пред да го објавиме тендерот му доставуваме извештај за квалитетот на материјалот кој што би ни го понудил и референтна листа во кој општини се вградени тој тип цевки“ – вели Сотироски.

Стручните лица алармираат дека азбесно-цементните цевки треба час поскоро да се заменат, бидејќи истите се опасни по здравјето и предизвикуваат опасни заболувања на дишните патишта. Додаваат дека само едно азбесно влакно може да предизвика карцином или и мезотелион на белите дробови.  Д-р Лидија Симоноска од Центарот за јавно здравје напоменува да се обрне внимание на рокот на употреба на водоводната цевка и сегогаш да се има предвид минимумот на времетраење.

simonoska„Ние тогашните научници, човештвото, не биле свесни дека во своите домови, и на работните места носат прикриен, незнаен потенцијален убиец, тоа е азабестот. Значи тој е штетен, ајде имало цементно млеко и не смееле да се сечат цевките заради азбесната прашина. Но азбесно цементните цевки имаат рок на траење, значи каде што немаме посебни знаци на дезинтеграција на самата цевка рокот е 25 до 30 години“ – вели Симоноска.

Симоноска нагласува дека азбестот не е проблематичен само во водоводните цевки, го има и на други места и треба да се води контрола каде истиот се одлага, бидејќи има строга процедура за ракување со истиот. Во најмала рака тој треба да се отстранува со заштитни одела, а водоводните цевки од ваков материјал да се закопуваат дури 300 метри под земја. Таа смета дека цевките од лиено железо се најповолни за водоводната мрежа бидејќи имаат најдолг век на траење.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top