Во Пештани се гради модерно шеталиште

Туристичката населба Пештани, оваа сезона гостите ќе ги изненади со модерно шеталиште и асфалтирани улички. Охридските ЈП со полни раце работа, веќе го подигнаа потпорниот ѕид во должина од 200 метри. Во моментов работат на инфраструктурата на тој дел и на крај шеталиштето ќе биде и хортикултурно уредено, според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 
pestani kej
пештани кеј

pestani kejПештаници но и бројните гости за брзо време, ќе прошетаат по нов кеј. Изминативе три месеци Локалната самоуправа на Охрид интензивно работи на комплетна реализација на проектот околу уредување на шеталиштето. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, со зафатите кои што се изведуваат во Пештани пред почетокот на туристичката сезона, било исполнето она што е предвидено за тој дел, во програмата за работа на Локалната самоуправа.

„Од она што можев денес да го видам на терен, задоволен сум како се одвивале активностите во изминатиот период. Како и што и сами можевте да видите се завршува веќе потпорниот ѕид кој што се простира од Рибниот ресторан до Полициската станица во пештани. Потпорниот ѕид веќе е изграден и во тек се активности за уредување на инсталациите односно инфраструктурата и веднаш после тоа  хортикултурно ќе уредува тој дел од Пештани, кој што претпоставувам ќе биде најдоброто шеталиште и за мештаните меѓутоа и за гостиите кои што имаат намера да престојуваат во Пештани“ – вели Бакрачески.

pestani kejГрадоначалникот Бакрачески денес се прошта и по новоасфалтираните уличките во Пештани. Тој задоволен од сработеното.

„Се асфалтира улицата во должина од 600 квадратни метри која што беше предвивена со планот за работа на Секторот за комунален развој и сообраќај од Охрид, Стевчо Илоски мислам дека е нејзиното име, се уредија и реконструираа уште две помали улички во селото Пештани, така да со здоволство можам да кажам дека најголем дел од работите се веќе завршени, она што остана недовршено очекувам да во текот на овој месец бидат завршени“ – нагласи Бакрачески.

И од Месната заедница на Пештани задоволни се од извршените зафати околу уредувањето на дел од крајбрежниот појас. Но од таму посочија и други проблеми за кои се надеваат дека градоначалникот Бакрачески ќе помогне во нивно надминување.

pestani kej„Задоволни сме од изградбата секако, поради тоа што ние одамна го баравме тоа, Вие знаете кога идавте кога беа поплавите беше многу лошо и опасно, така да сега покрај убавината што ќе ја добиеме и сигурност добиваме. Очекуваме малку повеќе од градоначалникот, да ни сработи имаме уште улички за дотерување да ја средиме плажава да направиме место за да ги обезбедиме кајчинава.“ – вели Бубески од месната заедница во Пештани.

Бакрачески рече дека активностите на Локалната продолжуваат и понатака, напомена дека во тек се голем број активности кои што се одвиваат во централното градско подрачје на Охрид и во приградските населби.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top