Пештанци ќе добијат спортска сала

Денес во атарот ОУ. „ Св. „Наум Охридски“, беа удрени темелите на новиот објект.

 |  Николоска Билјана  | 

Четри милиони денари, за изградба на спортска сала, во Пештани. Станува збор за инвестиција на Локалната самоуправа, од Охрид. Раководителот на секторот за образовани, Митре Вељаноски и градоначалникот Александар Петрески ги фрлија првите лопати во темелите  на новиот објект. Вељаноски рече – „она што го вети а не го направи Централната власт, го направи Локалната“. Тој додаде дека локалната досега во образованието има вложено над 100 милиони денари за санација и реконструкција на основните и средните училишта во општината.
Спортскиот објект во Пештани ќе биде готов до 1 ви Септември, најави градоначалникот Петрески. Додаде, оти од салата „Билјанини извори до Св. Наум поимот спортска сала е само мисловна именка, бидејќи не постои таков објект.

Директорот на училиштето, Зоран Целески, рече дека спортската сала е од големо значење за децата, а и воопшто за целата туристичка населба. Тој додаде, дека како професор по фискултура изминативе години наставата по тој предмет се изведувала импровизирано.

Од Локалната најавија дека не застануваат тука и оти нивните инвестиции во образованието продолжуваат и понатаму. Вељаноски рече оти сеуште неможе да го преброди кошмарот на застрашувачката состојба со училиштата во општината до 2005 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top