„Пер Гинт“ од Ибзен во режија на Александар Поповски на „Охридско лето“

Се дефинара програмата за годинешното издание на „Охридско лето“. „Пер Гинт“ од Ибзен во режија на Александар Попоски е претстава која е веќе дефинирана за прижаување на фестивалската програма.

 |  Татјана Маленкова  | 
pretstava
претстава

Per GintСе дефинара програмата за годинешното издание на „Охридско лето“. „Пер Гинт“ од Ибзен во режија на Александар Попоски е претстава која е веќе дефинирана за прижаување на фестивалската програма.

Директорот на фествалот „Охридско лето“ штотуку се врати од Хрватска, каде беше во посета на театарот Гавела, еден од најдобрите театри.
„Таму нашиот режисер Александар Попоски ја имаше поставено неговата театарска претстава „Пер Гинт“ од Ибзен, која кај пребирливата хрватска публика остави многу силен впечаток“, вели директорот на фестивалот Тони Симоноски.
Симоноки потврди дека во Загреб покрај прикажувањето на претставата била извршена и многу успешна презентација на фестивалот Охридско лето.
Симоносвски најави дека следната недела тим од Охридско лето патува за Истамбул, Турција да погледнат неколку претстави и да се заокружи театарскиот дел од овогодинешното, јубилејно фестивалско издание.
Директорот вети дека за две недели фестивалската програма ќе биде официјално обелоденета на прес конференција. Симоносвски не сакаше да коментира колку пари годинава Министретвото за култура има издвоено за Охридско лето но уште еднаш напомена дека има најави дека со оглед на тоа што станува збор за јубилејно издание средствата ќе бидат значително поголеми во однос на претходните фестивалски изданија.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top