Пензионерите сакаат на бања ама капацитетот ограничен

Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок.

 |  Валентина Неловска  | 
пиом
пиом

Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок. За само три недели од кога е објавен огласот 400 охридски пенизонери поднесле барања за користење на оваа безплатна можност до охридската филијала на пензиско инвалидскито фонд. Пријавувањето трае до 15-ти февруари. Лани биле пријавени 560 пензионери, а од нив дозвола за бањско лекување добиле 230 охридски пензионери. Се очекува, бројката на пензионери кои ќе поднесат апликации за користење на бања, годинава да биде поголема, информира раководителот на филијалата Самет Ризвани.

Ризвани„ Услугата може да се користи од 17 март до 30 ноември. Корисниците кои биле на бања во претходните години немаат право да ја користат услугата и оваа година. Со тоа им се дава можност и на другите пензионери да користат бањско-климатско лекување“.

Додека трае проектот пензионерите бањското лекување може да го искористат само еднаш.
Комисија на Министерството за труд и социјална политика одлучува кои охридски пензионери 7 дена ќе се лекуваат во Дебарски бањи. Нашата филијала е само посредник при аплицирањето, а за исполнувањето на неколкуте критериуми одлучува ресорното министерство, напоменува Ризвани. Нагласува дека право на бањско лекување имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија. Преднoст  при рангирањето имаат пензионерите со пониски примања, со подолг работен стаж и подолго траење на пензијата. Поволноста може да ја искористат и пензионери кои имаат наша и странска пензија, но и лица кои имаат статус на придружник на пензионерите, кажува Ризвани.

„ Има случаи каде што некој пензионер користи туѓа нега и со потврда од Центарот за социјални работи  неговиот придружник може да ја искористи оваа поволност“.

Досегашните бројки покажуваат дека оваа поволност ја користиле околу половина од пријавените пензионери заради малиот капацитет на бањите. Евиденцијата на пензионери оди по електронски пат од охридската филијала. Системот ги контролира и ги исфрла сите оние кои не се корисници на пензии, додава Ризвани. Безплатното бањско-климатско лекување е проект кој се спроведува 4-та година по ред.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top