Пензионерите и годинава празнично на геријатрија

Дружба, софра и најава за реализација проектот за проширување на геријатрија Охрид е исходот од денешната традиционална посета на охридските пензионери во геронтолошкото одделение при општа болница Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
gerijatrija
геријатрија

Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото.

gerijatrija„Ги видовме условите тие се подолго време такви како што се и заедно со медицинскиот центар односно управата на чело со директорот најавено е дека набрзо ќе се создадат услови за проширување на ова одделение со уште капацитет најмалку од 100 лица. Тоа сигурно дека е радосна вест и за останатите кои чекаат и ќе биде една добробит за поголем број на оваа категорија на лица“ – вели Стефан Владимиров секретарот на пензионерите.

Навикнавме на хуманитарните посети на нашите штитеници од страна на разни здруженија и институции од градов, посебно за време на празниците вели д-р Јасминка Грозданоска од ова одделение. Таа изрази голема благодарност и вели дека таквата пракса треба да продолжи и понатаму бидејќи дава позитивни ефекти. Таа смета дека проширувањето на ова одделение е нужност.

gerijatrija„Оддеелението е постојано со цел капацитет исполнето и нашиов град има потреба од ваков објект и се надеваме дека во иднина истиот ќе се подигне. Штитениците добиваат комплетна нега, целодневен престој со активности, забави, за да им биде поинтересно, воглавно во нашето одделение се дава акцент на негата на пациентите и 24 часовно лекување“ – изјави д-р Гроздановска.

Ружа Балеска од активот на жени пензионерки, нагласи дека посетата е во рамки на нивната програма и во иднина ќе продолжат со несмалено темпо.

„За денеска ние покрај подготвените специјалитетите кои што ги донесовме од нашите вредни жени и нашите спонзори ние донесовме и термо чорапи со цел да се затоплат болните, тоа не е утеха но еден период ќе ги користат“  – рече Балеска.

Во моментов на охридското геријатриско одделение има 33 штитеници. Ова одделение е поливалентно со можност за продолжено лекување.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top