Пендаровски: Помогнете ни за да им помогнеме на луѓето

„Потребна е нова синергија од САД и ЕУ.“-истакна претседателот Пендаровски на отворањето на панел доскусијата на високо ниво „Ресетирање на синергијата меѓу САД и ЕУ. Според шефот на државата потребно е да се рестартира регионот.

 |   | 

„Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“ е темата на панелот кој го отвори претседателот Пендаровски на вториот ден од Преспа форумот. Пендаровски побара од САД и Европската унија да им помогнат на земјите од Западен Балкан да се воспостави нова синергија и рестартирање на регионот, како и заедничка соработка. Свои обраќања на панелот имаа претседателите на Црна Гора и Словенија, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, еврокомесарот Јоханес Хан. Пендаровски истакна дека западниот балкан заостанува во економска смисла зад ЕУ.

-ЕУ сигурно не е способна да владее сама, САД не би сакале да владеат сами, а регионалните елити не се заинтересирани. Би сакал да бидам искрен, бидејќи и јас сум дел од тие регионални елити, не би сакале да направат напори за темелна промена на нашите општества. Конечниот резултат е дека Западниот Балкан особено во минатата деценија заостанува во економска смисла зад ЕУ и повеќе од претходната деценија, 2000-те години, а Вашингтон е тука само да го следи и да сведочи за падот на сите демократски индикатори. Во демократска смисла Западниот Балкан е поназад од пред 10 или 15 години. Западниот Балкан има 18 милиони население на хартија, а во реалноста четири милиони помалку.-истакна Претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека потребно е да се направат реформи и просперитет на општеството кои луѓето сакаат конечно да ги видат. Потребни се реформи кои ќе ги направат луѓето среќни и ќе ги натераат младите, движечката просперитетна сила да остане во својата земја.

-Затоа помогнете ни. Помогнете им на луѓето кои живеат во овој регион. Би сакал и јас да се извинам за тоа. И јас сум еден дел од тие сили кои дава глас во овие земји. Без комбинацијата на нашите енергии, визии, проекти, не можеме да успееме. Ако целта ни е да воспоставиме наново некои врски, кои беа толку плодотворни во 90-тите години, под други околности и друга средина, никој нема да може да каже дека пред 10 години Западен Балкан не успеал. Не зборувам само за интеграцијата во ЕУ, туку за вистинските реформи на терен и среќата на луѓето која им недостасува. И би сакале да видат напредок во нивните општества и во следните 3, 5, 10 години, да ги забавиме негативните процеси, што ќе следат на празнење на регионот.-заклучи Пендаровски на обраќањето.

Денеска претходно во Вила Билјана во Охрид, претседателот го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. Соговорниците заклучија дека јакнењето на стратешкото партнерство е во интерес на двете земји. Пендаровски рече дека Унијата мора да изнајде начин да овозможи деблокада на евроинтеграцискиот процес. Рикер на панелот истакна дека одлуката за старт на преговори од ЕУ била инспиративна, но дека Унијата сега нема кредибилитет ако не преземе конкретни активности за старт на преговорите со Македонија и Албанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top