Пецаков : Охрид да биде град во кој младите ќе ја гледаат иднината

Се кандидирам за Градоначалник за Охрид да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина, Охрид да биде светска туристичка дестинација, град кој ќе блесне со сиот свој сјај, кажа на синоќешната трибина на ВМРО ДПМНЕ, Кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков. Тој пред присутните на трибината на Долни Сарај посочи кои главни теми и проекти ќе бидат во фокусот на неговиот мандат.

 |   | 

„Стојам пред вас со гордо исправена глава, искрено и чесно и ви ветувам за Охрид и охриѓани доаѓаат подобри времиња.“ Со овие зборови го започна своето обраќање на синоќешната трибина, кандидатот за градоначалник на град Охрид од ВМРО – ДПМНЕ Кирил Пецаков. 

Во овие 4 години владеење на СДСМ и Заев, видовме само национален срам и понижување, особено во последната година по предвремените парламентарни избори, видовме дека не постојат буквално никакви граници и уште пострашно никакви национални чувства.  Токму ова последново е мојата ѕвезда водилка околу кандидатурата за Градоначалник на Охрид и ми дава посебен мотив и искрена желба за успех, затоа што сум убеден дека победа на локалните избори ќе покрене и низа политички процеси, вклучувајќи ја и промената на политичките сили на политичката сцена во Македонија. – истакна Пецаков.

Пред присутните на Долни Сарај Пецаков истакна дека се кандидира  за Градоначалник, за Охрид да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина, Охрид да биде светска туристичка дестинација, град кој ќе блесне со сиот свој сјај. На трибината на која беше промовиран концептот „Македонија за сите луѓе“ на ВМРО ДПМНЕ, кандидатот за градоначалник посочи дека фокусот во неговиот мандат ќе биде ставен на неколку главни теми и проекти како зголемување на зеленилото и зелените појаси, подигнување на еколошката свест, индустриска зона во која локалните компании и инвеститори би пронашле интерес да го прошират својот бизнис, подобрување на инфраструктурата во целост.

Максимално вложување и борба со создавањето нови дивоградби и дивеењето со урбанизмот. Урбанизирање на сите оние населени места во Охрид кои немаат урбанистички планови долги години, зградба на велосипедски патеки, грижа за зачувување на статусот на УНЕСКО вклучувајќи воспоставување одлична комуникација на релација Охрид-УНЕСКО и постапување по нивните препораки, ревитализација на Студенчишкото блато, максимална поддршка на угостителско-туристичкиот сектор во Охрид. – кажа Пецаков.

Пецаков во периодот што следи до изборите најави отворени денови за проекти и идеи и дека секој граѓанин ќе може да учествува и да биде понатаму дел од програмата за локалните избори во Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top