Пецаков оди во втор круг со предност од 2000 гласови

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид, откако на вчерашните локални избори, кандидатот на партијата д-р Кирил Пецаков освои 14.380 гласови и со близу 2.000 гласа предност, оди во вториот круг.

 |   | 

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид, откако на вчерашните локални избори, кандидатот на партијата д-р Кирил Пецаков освои 14.380 гласови и со близу 2.000 гласа предност, оди во вториот круг.

Противкандидатот и актуелен градоначалник д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 12.460 гласови, додека изненадувањето на овие избори, Гоце Цветковски од ТМРО освои 1.376 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ води и на листата на советници каде освоија 10.693 гласа, пред СДСМ со 8.731. Листата на ДУИ освои 2.349 гласа, додека Левица во своето прво појавување освои 1.628 гласа. Од независните листи најмногу гласови освои „Охрид пред се“ со 1.979, додека Независната листа „Охрид има План Б“ освои 1.407 гласа.

Изборите поминаа во релативно мирна атмосфера со неколку помали прекршувања на изборниот процес. Регистрирани се повремени гужви на избирачките места, пред се’ поради делумните проблеми со фингерпринт уредите. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top