Пандемијата не ги исплаши хуманите луѓе да даруваат крв

Има доволно единици крвни продукти  во Институтот за трансфузиологија.  Деновиве, Институтот во соработка со Македонските унизверзитети  организираат голема крводарителна акција.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските студенти може да се приклучат на големата крводарителна акција која е во тек. Од понеделникот, во земјава се одвива крводарување под мотото „Хуманоста на испит во време на пандемија“. Институтот за трансфузициона медицина во соработка со Македонските унизверзитети од Скопје, Битола, Штип и Тетово организира голема крводарителна акција, информира директорката д-р Радица Грубовиќ Растворцева.

„На 24 декември од 9 до 15 часот во нашите служби во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Прилеп и Гевгелија ги покануваме сите студенти кои сакаат може да даруваат крв и да им помогнат на болните и повредените во ова тешко време.“

Пандемијата не ги исплаши хуманите луѓе да даруваат крв. Има доволно единици крвни деривати во Институтот за трансфузиологија, подвлекува д-р Грубовиќ Растворцева.

„Начинот на живот направи на еден начин потешкотии заради тоа што голем број фирми, училишта и факултети работат он лајн. Студентите не се физички присутни на настава. Но хуманоста кај нашите дарители е голема. Ние во ниеден момент не осетивме недостаток на крвни продукти. Благодарни сме и ние и пациентите, на кои крвта им е главна терапија за да им се помогне во нивното лекување“.

Д-р Грубовиќ Растворцева, напоменува дека најчесто се неоправдани се почестите апели со кои се бараат крвни деривати или ковалентна плазма на социјалните мрежи или преку информативните гласила. Препорачува прво да се провери дали има или не крв или плазма, a  лекарите да си ја завршат работата по службена должност да бараат крвни продукти од нивниот институт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top