„Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс Живко Чинго

 Расказот под шифра 11 е  победник меѓу 40 – те пристигнати раскази. Добивме убаво виножито  од раскажи, кои се доказ дека има напредок во развојот на македонскиот расказ, а ќе не радува фактот ако на анонимниот конкурс добиме ново име кое ќе го гради својот литературен пат, кажаа членовите на жирито.

Најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго“ 2019  е „Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“. Комисијата за избор на најдобар расказ во состав од еминентни имиња од македонското литературно творештво, Кристина Николовска, Славе Ѓорого Димоски и Димитар Пандев го избраа расказот под шифра 11 од 40  пристигнати раскази. 

„ Пристигнатите раскажи се одликуваа со нови теми. Со што се покажува напредок во развојот на македонскиот расказ. Особено расказите на овој конкурс опфаќаат широк дијапазон на теми вонременски и вонпросторни. Најдобриот расказ се одликува со нова тема од современиот начин на живеење“, истакна Проф. Димитар Пандев. 

Добиваме убаво виножито од раскажи со кои се гордееме. Општината да продолжи со оваа традиција избор на најдобар расказ , препорачува Проф. Кристина Николоска.

„ Живко Чинго е непресушна инспирација за авторите. Некој се директно поттикнати од него , како тема и израз. Тоа многу ни значи. Се негува жанрот расказ, а докажуваме дека расказот не е во криза туку во убава експанзија. Конкурсот е неопходен и суштински “, кажа Николоска.

 
Славе Ѓорго Димоски напомена дека како комисија ќе бидат задоволни ако на анонимниот конкурс се појави ново име .

„ Ќе не радува фактот ако е ново име и автор. Тоа докажува дека анонимните конкурси се одлична платформа за отварање на нови автори кои подоцна ќе го бараат својот литературен пат“, вели Димоски.

Авторот на најдобриот расказ „Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“ кој е избран на годинешниот конкурс , наградата ќе ја прими на 13 август кога се одржува традиционалната културна манифестација „ Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти.

балканските, бог, годинешниот, дека, Живко, конкурс, најдобриот, народи, пад, постои, расказ, системот, сфатија, Чинго

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top