Овој првомајски викенд да не се оди во планина на непристапен терен

Од планинарската спасителна служба на брегот на Охридското езеро со апел до граѓаните и туристите: Овој првомајски викенд да не се оди во планина на непристапни и ризични локалитети. Прошетките нека бидат во подножјето на Гличица и Јабланица  се` до почнувањето на полицискиот час, без групирање со почитување на препораките.

 |  Соња Рилковска  | 

Домашните гости  и овој првомајски викенд  на брегот на Охридското езеро.  Од службата за спасување во планина со апел  граѓаните да не одат во  непристапни терени и ризични локалитети.  Во чистата природа на Галичица опколена со двете  езера, Охридското и Преспанското , покрај убавината  демне и  опасноста од  несреќи и повреди.
Примамливите  живописни  планински предели  ќе почекаат подобри времиња , прошетката овој викенд нека биде во подножјето на планината на брегот на езерото  се` до почнувањето на полицискиот час. 

„ Од тој аспект апелираме до граѓаните да се воздржат од одење на планина да е движат во лесно достапните и колку што е можно да избегнуваат опасни активности кои може да преминат во несреќни случаи. Движете се во природа држете дистанца во мали групи и каде е пристапно и лесно се интервенира со Итната помош“, вели Антонио Додески од Центарот за спасување во планина.

Пред три  недели имаше несреќа на Галичица.  Спасителите  во планина успешно ја изведоа акцијата, повредениот беше пренесен во болница.

„Возач на моторкрос на терен падна и со сериозна повреда беше транспортиран во специјалната болница  каде имаше и оперативен зафат. Под сите опасности и ризици да и таму се зарази со непосакуваниот вирус“, вели Додески.

Од пред една седмица укината е забраната за движење во планина, но во време на вонредна состојба и пандемија апелот е да не се ризикува со цел дополнително да не се оптоваруваат здравствените капацитети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top