„Отекс“ останува на врвот на должници на листата од УЈП

Некогашниот текстилен гигнат „Отекс“ Охрид и во најновата листа на должници се уште е на врвот за неплатен ДДВ кон државата.

 |   | 

„Отекс“ според податоците што ги објави Управата за јавни приходи – УЈП, за ДДВ должи 670,233,232 денари. Фирмата има и неплатен данок на добивка од 705,102 денари, или вкупно на име даноци државата од „Отекс“ побарува 670,936,334 денари.

Имотот на „Отекс“ е распродаден. Останаа само големите долгови кон државата и работниците на кои не им се исплатени лични примања, но и придонеси за повеќе години.

На листата должници на УЈП следи државното претпријатие „Македонија пат“, кое за ДДВ должи 411,910,930 денари, а во врвот е и МРТВ.

На листата на должници за неплатен данок има и јавни претпријатија, единици на локалната самоуправа, спортски клубови и приватни фирми, меѓу кои и многу од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top