• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар

Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар

Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар.

 |  Валентина Неловска  | 
ministerstvo
ministertvo

Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар  за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.
ministervo za odbrana„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ  и  на Владата,  за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен начин“, кажа Јолевски.
Жан Марк Тодешини, Државниот секретар од Министерството за одбрана на Република  Франција, искажаа задоволство од посетата на Република Македонија. Тодешини се осврна на разговорот за билатералните односи и за интеграциите на Македонија во Нато И ЕУ. Постигнале согласност со македонскиот министер да се продолжи со напорите за модернизација на армиските сили. Меѓу другото,  Тодешини истакна, дека е дојден да искаже посебна почит кон сите француски војници кои ги загубиле своите животи во Првата Светска војна на Источниот фронт.

ministervo za odbrana„ Вечерва сме овде, утре сме во Битола и сакам да кажам дека вечерва имавме разговор со македонскиот министер, разговор со кој имаме разменето мислења за сите комеморативни настани кои ги организираме и сеќавања, но и за подготовка на идните генерации да се сеќаваат на тоа  минато“, рече Тодешини.   

Посетата на Тодешини  е во знак на отпочнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на сто годишнината од Првата Светска Војна. Во оваа војна  70. 000 француски војници ги загубиле своите животи. Дводневниот престој на државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Тодешини во Македонија е дел од неговата посета на земјите од регионот, Грција, Србија и Романија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top