Оригами и гипсени фигури се продаваа за Св. Трифун и Денот на вљубените СВ Валентин

Оригами и гипсени фигури се продаваа за Св. Трифун и Денот на вљубените СВ Валентин.

 |  Валентина Неловска  | 
ck
ck

Мали проекти за големи цели гласеше денешната хумана акција на волонтерите од Црвениот крст Охрид. Вредните раце на младите луѓе изработиле најразлични оригами и  гипсени и глинени фигури обоени во знак на денешниот ден на љубовта и виното, на Св Трифун И Св Валентин. Украсите се продаваат по симболична цена, а собраните средства ќе бидат употренени во  хумани цели, вели Ивана Мирчевска една од волонтерите на Црвен крст Охрид.
 crven krst
„ Денешната активност е со цел да се помогне на еден од 9-те проекти кои ги работиме во изминативе 4 месеци. Гипсените фигури ги креиравме ние волонтерите сами, средствата ќе одат за лицата со посебни потреби „ Добротољубие“, да им го смениме ламинатот.Покрај овие средства добивме донации од две компании.“ 

 Црвен крст постојано  е отворен за нови млади волонтери. Целта е да се заразат со вирусот на хуманоста и да ја шират и понатака. Младите го користат своето време во општествено корисни цели, вели волонтерот Младен Божиноски.

„Целта на Црвен крст проект на хумнаи вредности  е промоција на хумани вредности преку  регрутирање на нови волонтери кои ќе бидат обучени како да  изработуваат мали  но големи проекти кои се од особено значење за да го подбрат квалитетот на животот на дел од заедницата или на поединци“.

Од ОО Црвен крст се задоволни и од вклучувањето на бизнис заедницата во реализација на хуманите активности. Секој според своите можности донира и се вклучува во нашите проекти, напоменува Божиноски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top