ОО СДСМ Охрид доби нов претседател и ново раководство

Синоќа генералниот секретар на #СДСМ, Љупчо Николовски присуствуваше на изборна конференција на ОО СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство.

 |   | 

Синоќа генералниот секретар на #СДСМ, Љупчо Николовски присуствуваше на изборна конференција на ОО СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство.

Владата и локалната самоуправа предводена од СДСМ во Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски покажаа што значи вистинска грижа за Охрид. Последна потврда за тоа е и одлуката на Комитетот на УНЕСКО, Охрид да не биде впишан во листата на светско наследство во опасност, што е признание за нашата посветеност да го зачуваме и унапредиме квалитетот на живот во овој регион, стои на фејсбук страната на СДСМ Охрид.

СДСМ е убедлив фаворит на локалните избори во Охрид, затоа што се менува, затоа што граѓаните се наш приоритет, затоа што со новото раководство на ОО СДСМ Охрид и градоначалникот одиме на убедлива победа заради нашата програмска и кадровска понуда, се вели во информацијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top