ОО Црвен крст успешно ја заврши годината на заминување

ОО Црвен крст успешно ја заврши годината на заминување.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот црвен крст успешно ја заврши 2016 година. Реализацијата на бројни проекти е благодарение на мрежата од над 1000 волонтери во ЦК, вработените, медиумите и граѓаните , подвлекува претседателот  Сашо Точков.

„Бројни хуманитарни активности, собирни акции со кои граѓаните  и туристите ја покажаа својата хуманост и придонесоа да се спасат голем број животи. Апелирам секој од нас да го пронајде волонтерот во себе и хуманоста која лежи во секого и секој да  најде начин како да помогне. Ние сме само една од организациите кои помагаат на оние на кои им треба помош“, напоменува Точков.

Идните  планови на ОО ЦК  за 2017 година се формирање на спасувачки тим во Охрид. Направени се првите чекори со помош на меѓународни институции сега се чека домашните  институции, меѓу кои и Локалната самоуправа,  да помогнат Охрид да стане што побезбедна туристичка дестинација.

„ Поддршката ја имаме од меѓународните инситуции меѓу кои од Свис Конаткт, од Шавјцарската амбасада имаат воспоставено и разработено систем секаде во светот. Останува тоа да го разберат и нашите инситуции. Ги  имаме капацитетите, човечките ресурси, опремата, волјата и желбата“, истакна Точков.

Спасувачкиот тим би броел 4-5 спасители и би  функционирал во текот на целата година. Службата би  била постојано активна во текот на 24 часа и ќе делува на вода и на планина.  

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top