ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот да ја повлече одлуката за поскапување на водата

Градоначалникот да ја повлече одлуката за поскапување на водата во Охрид, бараат советниците од ВМРО ДПМНЕ. СДСМ продолжува со ад хок мерките со кои се одвиткува инфлаторната спирала, обвини претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Тој на денешната прес конференција јавно запраша зошто Јавното претпријатие „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика? А одлуката на советниците за поскапување на цената на водата ја нарече скандалозна.

 |   | 

Ние, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесеме информација со барање за укинување на одлуките за поскапување на сметките за вода и одведување отпадни води, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Граѓаните веќе ги добија сметките со нови поскапени цени. Цената на водата се утврдува во вид на зголемен варијабилен и дополнителен фиксен надоместок. Зошто ЈП „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика, праша Пецаков.

– Ова ли е ветувањето на СДС преку планот за намалени трошоци и подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните? Се запрашале ли како ќе се одрази врз нивниот и онака тенок семеен буџет? СДС единствено удри по џебот на секој граѓанин. Наместо суштински проекти тие ја замајуваат јавноста со мерки со кој ги ограбуваат граѓаните. Жално е што нивната неспособност ја плаќаат охриѓани, вели Пецаков.

Одлуката за цената е на основачите на јавните комунални претпријатија, а тоа се Советот и Градоначалникот на општината. За споредба ако сметката за месец декември изнесувала 266 денари сега за месец јануари изнесува 431 денар, додаде Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top