Охриѓани сакаат да спортуваат и да се рекреираат на СРЦ „Билјанини извори“

  Од СРЦ Билјанини извори велат дека максимално се користат нивните спортски терени и спортската сала.  Во тек е пријавување на охридските компании за  одржување на пролетниот бизнис турнир во фудбал. 

 |  Валентина Неловска  | 

Фудбалот и кошарката се најчестите спортови со кои охриѓани се рекреираат на спортските терени. Од СРЦ Билјанини извори кажуваат дека прават се вратите на спортскиот центар да бидат отворени и за спортистите и за граѓаните. Љубителите на спортот тука може не само да уживаат на спортските настани туку и да спортуваат, информира Гордана Јованоска директор на СРЦ Билјанини извори. Во таа насока се организира и во престојната пролетна сезона фудбалскиот бизнис турнир.

„ Во бизнис лигата може да пријават сите фирми кои имаат вработени љубители на фудбалот. Запишувањето е до 1 март, а финалето ќе биде на 25-26 април во зависност од тоа како ќе се одигруваат натпреварите“, напоменува Јованоска за текот на пријавувањето на турнирот.

Директот на СРЦ Билјани извори не го крие задоволтвото што максимално се искористени нивите спортските терени .

„ Ние сме среќни што се користат спортските терени. Охридските фудбалски школи ги користат фудбалските терени.Спортската сала, пак се користи од страна н рекреативците. Иако имаат на располагање мал број на термини салата е целосно искористена“, напоменува Јованоска.

Претстојниот бизнис турнир ќе се игра во спортската сала, а за наградниот фонд за Бизнис лигата ќе се погрижат од СРЦ Билјанини извори. Ќе се доделуваат награди најдобар голман, фудбалер, најдобар екипен пласман и најфер фудбалска екипа.
Заинтересираните бизнис компании за учество во лигата може да се пријавуваат на веб страната на СРЦ Билјанини извори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top