• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани може да здивнат, ново зголемување на цената на водата не би требало да има, доколку тоа се случи, истото би било минимално

Охриѓани може да здивнат, ново зголемување на цената на водата не би требало да има, доколку тоа се случи, истото би било минимално

Со измените во Законот за енергетика на Регулаторната комисија, ова тело доби уште една надлежност, а тоа е регулирање на цените и на водните услуги, односно утврдување на тарифите за снабдувањето со сурова вода и вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и пречистување на отпадни води и кај малите населени места.

 |   | 

За да се воспостави ефикасен систем на определување на цените на водните услуги, Регулаторната комисија за енергетика, како прво регулаторно тело со најголемо искуство во Република Македонија, од неодамна ќе ги утврдуваа тарифите за снабдувањето со сурова вода и вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и пречистување на отпадни води, и кај малите населени места. Во нашата општина тоаа функционира веќе извесен период. Владимир Алексијоски, првиот човек на МЈП „Проаква“ вели дека ова е подобар начин за креирање на цената на водата, а охриѓани може да здивнат, ново зголемување на цената на водата не би требало да има, додава тој.

„Многу е за мене подобар овој начин на креирање на цената. Првото решение кое го издаде РК бше за периодот од 2018-2020, во кое беше предвидено поскапување, како сега што имаше во мај од 0,16 дени, во 2019 да имаме уште едно такво мало поскапување, но не значи дека ќе биде така, бидејќи очекуваме сега според извештајот кој ние го доаваме кон Регулаторна, регулаторна ќе постапи по тој извештај и ќе ги разгледа сите оние резултати“ објасни Владимир Алексијоски – директор МЈП „Проаква“.

Досега, овие тарифи односно цени се утврдувале од страна на Јавните комунални претпријатија и градоначалниците, а се одобрувале од страна на Советите на општините. Искуството покажало дека овој процес не секогаш бил ефикасен, односно многу често се случувало предлогот за висината на цените да не биде одобрен во потребниот временски рок, а воедно праксата покажала дека постојните тарифи не ги покриваат трошоците на давателите на услугите за води, особено оние трошоци поврзани со собирањето и третманот на отпадните води и не се применува начелото „загадувачот плаќа“.

„Сега во овој момент можам да ви кажам со сигурност дека исправно постапиле, бидејќи во овој период ние сме должни, сите кои пристапивме кон тие цени од јануари 2018та година сега имаме обврска да дадеме извештај, што се сме постигнале и направиле откако настапила таа цена. ИЗвештаите кои во моментов ги подготвивме и ги испративме во РК се гледа дека многу исправно било постапено дека во целост биле прикажани оние предности и мани на претпријатието во тој период и ние отстапвиме со некои 4-7% од тие математитки тогаш“ посочи Владимир Алексијоски – директор МЈП „Проаква“.

На овој начин, ќе се добие квалитетна услуга со најниски можни трошоци и ќе се формираат цени кои ќе ги одразуваат оправданите трошоци на работењето на Јавните комунални претпријатија, со цел да се овозможи квалитетно и одржливо користење на водната инфраструктура, а истовремено водните услуги ќе бидат финансиски достапни до населението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top