• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани масовно се собраа на градскиот плоштад да запалат свеќа и да се помолат пред свети Димитрија

Охриѓани масовно се собраа на градскиот плоштад да запалат свеќа и да се помолат пред свети Димитрија

Со свечен ручек, музика и дружба денес се прослави големиот христијански празник Митровден.

 |  Мишел Наумоски  | 
svecen rucek
свечен ручек

Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, огромен број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад.

rucek plostad„Многу убаво е. Луѓето се весели, да доаѓаат, да си го прослават, да остане од прадедо празникот и да не чува сите. Прво младите да се здрави и живи и да им даде Господ среќа, пари, работа, дечиња, кој не е женет, да се жени.“

„Во Охрид многу се слави тој ден, на визити, на вечери и многу христијани тука го посетуваат. Само времето денес не не послужи, инаку се е во ред, гледам има многу народ, музика.“

„Има многу големо значење денов денешен. Се радувам што се луѓето тука присутни.“

„Начинот на организацијата е многу добар, музика и се. Во Бугарија многу ретко се случува ваква организација.“-рекоа дел од верниците.

osveteni pogaciСвети Димитрија, како многу светители е посредник помеѓу обичните луѓе и Бога, затоа православниот народ му оддава достојна почит-вели Отец Љупчо Симиџиоски кој заедно со охриѓани се помоли на светецот Димитрија за здравје и благосостојба.

„Има голем број на храмови посветени токму во негова чест, го носат името на светиот Димитрија. Неговите свети мошти се наоѓаат во Солун во храмот кој го носи неговоти име, а кај нас овде, во Охрид има веднаш до Перивлепта, каде што служевме света литургија, со многуброен верен народ, и овде на ова место понапред исто имало храм и затоа култот на св.Димитрија не се заборава, еве и после 17 векови живее во православниот народ. Нека св.Димитрија ни биде наш заштитник, да се моли за сите нас, Господ да не упатува на правиот пат.“-рече отец Љупчо.

vernici MitrovdenНикола Велјановски, претседател на организациониот одбор вели дека убаво е на овој ден кога ќе се види насобраниот народ кој го чествува Митровден.

„Ова свето место и овој собир денешен е многу свет. Ние правиме денеска јубилеј, десет години откако ние имаме поведено иницијатива за возобновување на црквата Свети Димитрија.“-изјави претседателот на организациониот одбор, Никола Велјановски.

Велјановски и годинава ја потенцираше подготвеноста и желбата за повторно издигнување на црковниот храм посветен на Св.Димитрија кој во минатото постоел на градскиот плоштад, но бил разурнат од страна на османлиите. Инаку, и годинава  покрај ручекот во чест на празникот Митровден собирот беше збогатен со музичка програма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top