Охриѓани бараат холивудска насмевка по скратена постапка

Несаканите ефекти кои ги имало во минатото, според стоматолозите сега се минимизирани, па дури и не постојат.

 |  Мишел Наумоски  | 
laser

Холивудска насмевка и бели заби по скратена постапка. Ова е желбата која најчесто ги тера охриѓани да се подложат на третман за избелување на своите заби. Оваа некогаш повеќекратна, болна па дури и штетна стоматолошка практика, последниве години доживува вистински технолошки развој. Дел од оваа современа технологија која во денешно време е и побезбедна, побрза и поефикасна, се работи и во стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” во Охрид. Стоматологот, д-р Емилија Стојаноска, вели дека ласерскиот третман кој тие го нудат на пациентите е врвно технолошко достигнување со кое за прв пат се запознале на саем во Келн-Германија и биле фасцинирани пред се од безбедносните препораките кои тој ги имал.

lasersko belenje zabi“Самото намалување на експозицијата ги намалува сите штетни ефекти кои што се слушаат за белењето, дека предизвикува извесни алтерации на забите. Со овој ласер комплетно се тргаат тие негативни ефекти затоа што има специјални филтри што ја тргаат ласерската лед светлина и плазма светлина и топлината која што доаѓа до забот е многу пониска некои други ласери, тоа е Beyond Polus ласерот кој што има пет сертификати за сигурност, за безбедност за употреба и сите врвни естетски стоматолози го имаат во своите ординации.“-вели д-р Стојаноска.

Белењето на забите како стоматолошка процедура многупати во јавноста е дискутирана, особено поради сомневањата во безбедноста на самиот процес и ефектите кои според многу експерти се повеќе штетни за забите отколку корисни.

laserski tretman„Не е само на населението и на лаиците, поделени се мислењата и на научниците, сеуште, затоа што има премногу различни начини на белење, има премногу различни агенси за белење со различна концентрација, во главно се тоа карбамид пероксид и хидроген пероксид меѓутоа концентрациите се различни, експозицијата е различна и секогаш се резултатите на разни студии, тие тестираат микроцврстина на емајл, тестираат некакви алтерации на површината и да се јавуваат некакви промени но сето тоа е реверзибилно, имав јас прилика и во моја студија да го потврдам тоа, затоа што постојат пасти за реминерализација и овие алтерации, фузии и рекристализации и пукнатини кои што се јавуваат на површината, може да се надоместат со апликација на пасти по самиот третман, дури и само еднаш е доволно да тие порозности се пополнат.”-рече д-р Стојаноска.

Во однос на најчесто коментираните ефекти на белењето на забите кои велат дека е тоа една болна процедура за пациентот, д-р Стојаноска вели дека истото е резултат на топлината која се ослободува при белењето, но додава дека ова се избегнува во новите ласерски методи. Дополнително и резултатите се подобри и подолготрајни бидејќи благодарение на директните и индиректните ефекти на ласерот, обојувањето на забите се случува и во внатрешноста на забот дури на ниво на дентин. Д-р Стојаноска вели дека има и контраиндикации на ласерскиот третман бидејќи не може да се белат пломбирани и кариозни заби, а резултатите пак се помалку видливи кај пушачи, а ефектите ги намалува и пиењето кафе и црвено вино.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top