Охриѓанец нападнал полицаец, битолчанец бесправно градел во Охрид-СВР БИЛТЕН

18-годишен охриѓанец физички нападнал полициски службеник, битолчанец бесправно градел објект во Охрид. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 16.08.2021 година во СВР Охрид, приведен е Ј.С.(18) од Охрид кој претходно на улицата „Сатеска” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

А поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(70) од Битола. Тој, во текот на 2020 година, на парцела во Охрид во државна сопственост, без да поседува соодветно одобрение за градба и без соодветна ревидирана градежно техничка документација и одобрение издадено од Управа за заштита на културното наследство, изградил објект од челична и дрвена конструкција. По извршените инспекциски надзори од страна на стручни тимови при Национална Установа „Завод за Заштита на Спомениците на Културата и Музеј-Охрид” и УЗКН-Скопје, донесено е Решение со кое се забрануваат градежните активности и отстранување на објектот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top