Охриѓанец ја претепал сопругата, ресенчанец фатен со марихуана-СВР Билтен

Полицијата пронајде марихуана кај 31-годишно лице од Ресен. Охриѓанец физички ја нападнал сопругата. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 28.07.2021 во 21.25 часот на ул.„Димитар Влахов” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.К.(31) од Ресен. При контрола во патничкото возило „фолксваген голф”, со охридски регистарски ознаки, кое го управувал,  пронајдена и и одземена е марихуана и прашкаста материја. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.07.2021 година околу 01 часот, З.Р.(51) од Охрид, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга која, се здобила со телесни повреди. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top