Охриѓанец ја нападнал сопругата, 83-годишна жена касната од куче скитник-СВР БИЛТЕН

На 19.07.2021 година во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен на 18.07.2021 година во 20.30 часот од А.А. врз неговата сопруга, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен е помор на риби од рибник, лоциран кај месноста „Речица” на пат кон охридското село Куратица. Од извршениот увид, констатирано е дека поради прекин на електрична енергија во рибникот дошло до помор на 260 парчиња риба Охридска пастрмка.

На 19.07.2021 година во 16.30 часот на улицата „Стив Наумов” во Охрид, Р.К.(46) го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал Д.П.(75), двајцата од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2021 година, Ј.Д.(83) од Охрид во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид била касната од куче скитник.

билтен, годишна, жена, ја, касната, куче, нападнал, охриѓанец, СВр, скитник, сопругата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top