Охридското Супер радио, најслушанa локална радио станица во РМ

Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија.

 |   | 
sr
sr

Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија.

srСпоред анализите од 15-ти април објавени на официјалната страна на Советот за радиодифузија на Република Македонија, Супер радио со уддел од 14,7 % е водечката локална радио станица во државата.

– Јас можам само да искажам огромна благодарност до целиот тим на Супер радио, до сите кои со еден мал дел во моментов, но и годиниве наназад ставија по една коцка во мозаикот наречен Супер радио. Искрена благодарност до сите нив, но секако и до сите наши деловни партнери кои очигледно не направија грешка што силно веруваа во нас годиниве наназад. Одиме понатаму уште посигурно и поквалитетно. Деновиве направивме неколку технички измени и сега се слушаме уште подобро и поквалитетно на регионот кој го покриваме, изјави директорот и главен и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски, кој за ова лето најави нова, опуштена шема во која ќе доминира забавата, но и секако она по што Супер радио, покрај во музичкиот и забавниот дел особено се истакнува последниве неколку години – информативниот дел и локалните вести.

Супер радио од Охрид ја троши 21-та година од своето постоење и со програма го покрива западниот дел од Република Македонија, односно Охрид и Струга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top