Охридското Езеро порибено со 200 илјади парчиња подмладок ендемична пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски вчера во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка, како и во акцијата за уништување на рибарската опрема запленета од страна на рибочуварската служба.

 |   | 
poribuvanje
порибување

hidrobioloshkiВо водите на езерото беа пуштени 200 илјади единки охридска пастрмка од минатогодишниот мрест со тежина од околу 70 грама, прв подмладок одгледан по вештачки пат во новоизградените капацитети на Хидробиолишкиот институт во Охрид.

– Во преговори сме со албанската страна и наскоро ќе се сретнам со ресорниот министер од Република Албанија, со кого ќе ги дефинираме работите, односно ќе побараме забрана за риболов на охридската пастрмка од двете страни на езерото, изјави министерот Димовски.

Директорот на Државниот земјоделски инспекторат Ванчо Димитриев, кој присуствуваше на акцијата за уништување на запленетиот алат за криволов, рече дека само во изминатите шест месеци од страна на рибочуварската служба на инспекторатот се запленети повеќе од три илјади мрежи со должина од 150 километри.

Тој додаде дека за период од три и пол години запленети се вкупно десет илјади мрежи, со вкупна должина од околу 500 километри.

– Заедно со нашата рибочуварска служба и натаму ќе се бориме против овој вид криминал. Иако постои забрана за стопански риболов до 2014 година, ние ќе делуваме на Охридското Езеро. Се надевам дека со албанската страна ќе воведеме заеднишки контроли за заштита на рибата во езерото, појасни Димитриев и побара логистичка поддршка од локалната самоуправа за заштита на охридската пастрмка, конкретно со техничка помош и внатрешни инспекциски служби на некои пловни објекти.

Директорот на Хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски нагласи дека оваа година од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вештачки мрест на охридска пастрмка обезбедени се пет милиони денари, што е најмногу од 2004 година кога со одлука на Владата беше воведена целосна забрана за стопански риболов на Охридското Езеро.

Костоски додаде дека во текот на овогодишниот лов на пастрмка за вештачки мрест се собрани над два милиони парчиња икра, од кои веќе се изведени млади риби што ќе бидат одгледувани во новите инсталации за вештачко размножување, донација од Владата на Кралството Норвешка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top