• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН

Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН

Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на  долгот на ОУ Григор  Прличев кон ЕВН.

 |  Валентина Неловска  | 
григор прличев
григор прличев

Пред охридските советници  по втор пат  ќе се најде Предлог одлука за исплата на долгот на ОУ Григор  Прличев кон ЕВН за потрошена електрична енергија.   
На ова ОУ, повторно  му се заканува исклучување од електрично напојување заради 4 неисплатени сметки. Директорката Силвија Мојсоска потврдува дека училиштето од ноември месец не ги има подмирено сметките, кои просечно изнесуваат околу 400.000 денари за потрошена струја по месец.

григор Основното училиште подолго време се  соочува со блокирана жиро сметка, заради  судско извршно решение. Решението е за експроприрано земјиште, за кое се повел судски спор пред повеќе од 20 години,  односно за земјиште на кое е изграден училишниот комплекс.  Училишната жиро сметка е блокирана за најмалку 150.000 евра кои треба да се подмират  на сопствениците, не сметајќи ги судскитеб трошоци и каматите, а до денес не е исплатено ниту едно евро. Ова е врел костен во рацете на актуелното локално раководство, кое треба да изнајде начин да го обештети сопственикот и конечно училиштето да почне нормално да функционира. Градоначалникот Бакрачески,  кој е службено отсутен од градов, за ТВМ вели дека ова е комплексен проблем и во тек се преговари со сопствениците на експроприраното земјиште за да се најде заедничко компромисно решение. Како локална самоуправа, имаат неколку опции за преговарање и со други институции на системот за да дојдат до прифатливо решение. Бакрачески вели дека се зависи од другата страна на преговарачката маса и додава дека проблемот можел да се реши многу порано и да се избегне ваквата ситуација.

{loadposition contdent9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top