Охридските „сино бели“ денес играат бараж за влез во Првата фудбалска лига

Охридските фудбалери денес со почеток од 16 часот во Скопје против тетовска Ренова го играат бараж натпреварот за учество во Првата македонска фудбалска лига.

 |   | 

ГФК Охрид Лихнидос денес во Скопје го игра бараж натпреварот со Ренова за пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Охрид во полн состав заминаа во Скопје, а вчера го имаа и последниот тренинг пред големиот дуел. Овој натпревар е клучен и своевидно финале во тековната натпреварувачка сезона за двете екипи.

Нашите фудбалери се силно мотивирани и со сите сили ќе се борат за влез во елитното друштво на Македонија. 

Бараж дуелот за пласман во ПМФЛ меѓу Охрид и Ренова ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ со почеток од 16 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top