• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од струмичкиот театар

Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од струмичкиот театар

 Се приклучуваат на нивните барања за квалитативни промени во културата. Меѓу петте барања се ставање ред во поставување на раководни лица во институциите од културата.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од Струмица. Денеска излегоа на протест со што се приклучија кон иницијативата Култура или фискултура и барањата за промени на состојбите во културата.
Актерот, Никола Тодороски, изјави дека нивните колеги од струмичкиот театар се соочиле со проблем кој се третира како административен недостаток, а за жал е нус појава на нефукционалнионалност на институциите во културата, во изборот на вистински лидери на културните институции за да ги менаџираат во вистинскиот правец.

„Да се престане со делење на културата на оние кои се од владеачката партија или партијата во опозиција. Културата е еден важен сегмент од општеството и секогаш ќе им припаѓа на луѓето од нашата држава“.

Најголемите проблеми во сферата на културата не се од сега туку датираат од поодамна и се провлекуваат повеќе од 3 децении, посочува актерот Стрезо Стаматоски. Незадоволството доаѓа од некадарната кадровска политика особено на раководните луѓе. Се соочуваме со импровизирани програми за работа од луѓе кои не се стручни во тој домен. Да се стави ред во поставувањето на раководни лица во културата со измени во законската легислатива.

„Со предлог законот за култура кој е во постапка, поточно во член 27 да се наведат точно критериумите за избор на раководните лица во институциите“.

Покрај измени во новиот Предлог закон за остварување на јавниот интерес во културата и негово усвојување во најбрз можен рок се приклучуваат кон останатите барања на Иницијативата меѓу кои се разрешување или оставка на новоименуваниот директор на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица. Потоа, бараат вештачење и јавна проверка на приложените документи за докажано работно искуство во областа на културата при избор на раководители на институции. Исто така, и вештачење на приложените сертификати и јавна проверка на познавање на англиски јазик. Јавно објавување на програмите со кои конкурирале сите актуелни раководители на институции и програмите на нивните против кандидати за раководните позиции во институциите од културата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top