• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските основци и децата од градинката беа дел од проектот Живеј здраво, живеј безбедно

Охридските основци и децата од градинката беа дел од проектот Живеј здраво, живеј безбедно

Охридските основци и децата од градинката беа дел од проектот „ Живеј здраво, живеј безбедно“. Децата преку игра учеа  како да стекнуваат здрави животни  навики и како да постапуваат при повреди. Со тоа општина Охрид се вклучи во  одбележаување на Светскиот ден на здравјето.  

 |  Валентина Неловска  | 

Основците од повеќе охридски училишта и од детската градинка Јасна Ристеска се вклучија во проектот кој се одржа под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. Учениците преку забава се здобија со знаења како да стекнуваат здрави животни навики. Во организација на општина Охрид на овој начин беше одбележан Светскиот ден на здравјето 7 април. Во проектот активно се вклучија волонтери од ОО ЦК. Тие презентираа како се дава прва помош при повреди. Младите се многу заинтересирани за споделување знаења од оваа област, кажува волонтерот Георги Ставрески.

„Преку цела година Црвен крст спроведува едукции на разни теми од прва помош и се трудиме да почнеме со едукација на најмалите. Од најрана возраст да се запознаат со сите потреби за прва помош за да знаат како да ја пружат, затоа почнуваме од најмала возраст“, вели Ставрески.

Животни вештини и искуства со основците и со децата од градинката споделија и извидниците од езерскиот одред Пионер. Главна тема беше како младите да бидат здрави и безбедни во ова динамично време на живеење, подвлекува Николче Костоски од извидничкиот одред „ Пионер“.

„Пред се да излегуваат почесто во природа, да се хранат здраво и и да се дружат. Со меѓусебната дружба ќе ги надминуваат предрасудите, ќе се запознаваат и ќе научат повеќе едни за други“, вели Костоски.

Во реализација на општинскиот проект „ Живеј здраво , живеј безбедно“ покрај охридските училишта и детската градинка Јасна Ристеска , како и ОО Црвен крст и извидничкиот езерски одред Пионер, беа вклучени и СВР Охрид и општествено одговорната компанија маркети „Тамаро“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top