Охридските матични лекари закажуваа Мој Тeрмин без проблеми

Во охридското здравство нормално функционираат најновите измени во закажување на упатите за лекување на пациентите. Со тоа се надминуваат некои слабости од минатото, а и вчерашните проблеми со софтверскиот систем се надминати, информираат од охридското здружение на матични лекари.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридското здравство измените во закажување на Мој тремин се одвиваат без проблеми. Неколку дена веќе се применуваат измените , а охридските матични лекари пишуваат упати според најновите измени. Иако, вчера имало одредени недоумици при издавањето на упатите денес нема јавувања од докторите, за ТВМ Телевизија инфомира д-р Љупчо Костоски Прет. на здруженеи на ПМЛ .

„ Денеска функционираме нормално, вчера имаше некои проблеми, но беа надминати со надградба во ноќните часови од софтверската куќа, а дизајнот на уаптите е прашање на вкус. Секоја новина треба да преспие, а утредента приказната е сосема друга“, информира д-р Љупчо Костоски, претседател на здружението на ПМЛ.
Матичните лекари имаат упатство за креирање на новите упати, вели д-р Костоски. Со новите упати за закажување на Мој термин се надминуваат некои слабости од минатото за понатамошно лекување на пациентите.

„ Добра страна во упатите е што може да се даде итен упат за 24 часа , за 7 дена за некоја друга намена во лекувањето и за редовен преглед со закажување на Мој термин. Таа проблемтика сега е средена како што треба“, вели д-р Костоски.

Обрасците за упати имаат различен дизајн од претходните. Но, пред 5 месеци било објавено упатството за примена во службен весник со назнака дека измените ќе се имплементираат од 22 февруари 2019 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top