metamorfozi

Охридскиот театар се преобразува во професионален со „Метаморфози“

metamorfozi„Фина комедија со горчлив вкус.“-вака режисерот Андреј Цветановски ја окарактеризира премиерната претстава на Охридскиот театар. „Метаморфози“ е претстава за хировите на бесмртните богови кои во својата досада од бесконечното време си играат со смртниците и нивните животи.-вели Цветановски.

Охридскиот професионален театар ќе го роди своето првенче. Во петок тој пред охридската публика ќе ја одигра претставата „Метаморфози“ за која  режисерот Андреј Цветановски вели дека е „фина комедија со горчлив вкус.“ Раководителот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски со нетрпение ја очекува премиерата.

pres -pretstava Metamorfozi

„Она што е многу битно е да се напомене дека животот театарски во Охрид нема да е веќе во хибернација, напротив ќе почнеме со премиерата на 3ти Јуни-„Метаморфози“, потоа оди „Одими-дојдими“ и на крајот од Јуни и средината на Август „Кабаре мистериозо“. Така да репертоарот практично ќе започне од Септември, на драга волја на сите. Театарот е место за сите нас.“-рече Горан Стојаноски-Раководител на Охридскиот театар.

„Театарот не го прави објектот, туку го прават луѓето кои се внатре во објектот и нивната живост и енергија и ентузијазам.“- вели режисерот Цветановски кој е убеден дека охридскиот театар успешно ќе функционира. „Метаморфози“ е едно постмодерно согледување на античките митови додава тој.

„Митовите како архетип се единица мерка за времето кое е поминато во една цивилизација и тие предупредуваат за грешките на нивните претходници, но дали боговите се достојни на својата божественост и на своите правила и дали тие имаат право да одлучуваат за нашата судбина. Дали боговите во својата досада си играат со нашите судбини затоа што сакаат да бидат луѓе, дали боговите сакаат да станат луѓе онолку колку што ние сакаме да станеме богови?“-запраша Андреј Цветановски-Режисер на претставата „Метаморфози“

pretstava Metamorfozi

„Трансформацијата е двигателот, она што создава, што гони да се менува, што уништува и пак што обновува. Таа сила е неуморна засекогаш…“-вели актерот Горан Стојаноски. За целокупната работа на овој проект и режисерот на претставата проговори и актерот Ивица Цонев.

„Андреј Цветановски има 22 години, а неговата мудрост и неговата зрелост јас ги доживеав како еден 50 годишен мудрец. Начинот на кој работи и работеше со нас е прекрасен, нема силување, нема напорни проби, туку се е оставено на она, на здравото разбирање на добриот дијалог.“-додава актерот Ивица Цонев

Претставата „Метаморфози“ својата претпремиера ја има на 2 јуни, додека премиерата е закажана за 3ти во 20:00 часот. Билети за оваа претстава може да се купат секој ден од 16:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

„метаморфози“, , актерот, Андреј, боговите, Горан, дека, додава, ја, јуни, охридскиот, премиерата, претстава, претставата, режисерот, својата, стојаноски, театар, туку, цветановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top