• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „Охридски комуналец“ и „Охридски бисер Филеви“ со донација за социјално загрозените семејства

„Охридски комуналец“ и „Охридски бисер Филеви“ со донација за социјално загрозените семејства


Стопанственикот Михајло Филев и вработените во ЈП Охридски Комуналец донираа за семејствата во социјалчен ризик. Донациајта во прехрамбени производи и средства за хигиена ќе ја дистрибуира Црвениот крст онаму каде што е најпотребна. Хуманите граѓани упатија апел во овој период кога никој не е поштеден од корона кризата посебно да посветиме внимание на оние меѓу нас кои се најзагрозени.

 |   | 

Познатиот производител на охридски бисери Михајло Филев и вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ обезбедија стотина пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена за помош на социјално загрозени лица и семејства. Во вакви вонредни услови каде сите трпат последици од корона кризата треба уште повеќе да посветиме внимание на најранливите категории сограѓани, порачуваат овие хумани охриѓани.

„Брендот Охридски бисер Филеви секогаш помагал па така и во овие услови кога Охрид не е поштеден од кризата која ја предизвика пандемијата на корона вирус.  Апелирам до сите хумани луѓе и фирми, кои што можат да помогнат. Ние тоа го направивме со 100тина пакети кои ќе завршат во вистински раце. Ќе го кажам нашето мото: „Богат е оној кој дава  а не кој има“. “– изјави Михајло Филев производител на охридски бисери.
Вработените во ЈП Охридски Комуналец самоиницијативно започнале да собираат сопствени средства со цел да помогнат  на семејства од социјално ранлива категорија.

Сакаме во овај чувствителен период да покажеме дека хуманоста е љубов кон човекот , да се помогне, да се донира, да помогнеме секаде каде што има потреба. “ – вели Стевчо Маслов од ЈП „Охридски Комуналец“

Донацијата се реализира преку охридскиот Црвен крст од каде знаат на кои лица или семејства им е најпотребна во моментов ваква помош и истата до нив ќе биде доставена од страна на мобилните тимови на хуманитарната организација. Претседателот на Црвен Крст Сапо Точков упати јавна благодараност до Филев и вработените во Охридски комуналец и  воедно упати апел до сите општествено одговорни фирми и поединци да помогнат според сопствените можности и овој тежок период да го пребродиме сплотени и солидарни.

„ Оваа донација денес од вработените во ЈП Охридски Комуналец и стопанственикот Михајло Филев, и многу други, покажува дека охриѓани се хумани, солидарни во овие тешки времиња со сите оние кои треба задолжително да бидат дома и уште еднаш апелираме да останат дома. “ – Сашо Точков, претседател на ОО Црвен Крст Охрид.

Екипи на Црвен крст заедно со екипите формирани од локалната самоуправа постојано вршат доставување на пакети и вршат набавка на производи и лекови за граѓани на кои им е неопходна таква помош, како и достава во државните карантини.  Досега екипите реализирале над 800 вакви достави до домовите на жителите на Охрид и околните населби и села.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top