Охридската општа болница една година е ковид регионален центар

Расте бројот на инфицирани и на лица кои имаат потреба од хоспитализација.  Во моментов модуларната ковид болница е целосно исполнета со 60 пациенти од кои дури 80%се на кислородна поддршка.

 |  Соња Рилковска  | 


Охридската болница една година е  ковид регионален центар. Покрај битката со вирусот и згрижувањето на ковид болните кои изминатава година  достигна бројка од околу  800 пацинети. Во болницата се извршија околу 1000 други оперативни зафати  и 400 породувања.  Се направи реорганизација на одделенјата и ротации на персоналот за да се одговори на потребите на пациентите.
Во 2020 пораснаа и трошоците во болницата. Заштитни материјали, деинфекциони средства и кислородни боци станаа секојдневни дополнителни издатоци.

„Болницата работеше со некое помало ниво кога не би бил ковидот. Тоа беше огромно оптоварување на сите служби. За персоналот, за вработените од техничка служба и од управата.  Болниците имаат голема финансискса оптовареност, потрошувачка, антибиоици. Ако ви кажам една споредба Инфективно на годишно ниво не трошело ни една боца сега имаше периоди 50 кислородни боци на ден“, вели Горан Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Најфрекфентен оддел во болницата за време на ппандемијата  беше радиологија. Тука даѓаа пациенти од   Дебар до Битола . Се вршеа по   триесетина  прегледи дневно, или   во просек околу 500 месечно. Апаратот за компјутерска томогрфија изминаава година направи рекордни снимања , затоа  сега има потреба од менување на цефката, па поради тоа  моментално не е во фукнкција .

„Нашата служба од секогаш била како една матица за целиот овој регион и сите пацинети се пренасочуваат кај нас. Бројките се движеа пред ковидот околу 25 пациенти дневно, сега и по 30 пациенти само за компјутерска томографија зборувам. Инаку со ренген и ултравук достигнуваат околу 1500 вкупно на месечно ниво“, вели доктор Софка Маленко радиолог.

Во тек е поправката на компјутерскиот томограф,  кој се очекува наскоро повторно да биде ставен во функција.
Моментално во охридската болница има 60 хоспитализирани пациенти, 80% од нив се на кислородна поддршка.  Модуларната болница е исполнета и се проширува со дополнителни дваесет легла. Охридската болница е подготвена за справување со третиот бран на вирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top