• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската оперска пејачка Миланка Новеска во средината на јули ќе има концерт во Стокхолм

Охридската оперска пејачка Миланка Новеска во средината на јули ќе има концерт во Стокхолм

Оваа успешна млада музичарка, прогласена за првенец на генерацијата  на Букерешкиот Факултет за музика и добитник и на бројни специјални музички награди во Романија. Настапувала во Националните Опера и  Радио во Букурешт. 

 |  Валентина Неловска  | 

Младата оперска певица, Миланка Новеска жнее успеси на музички план. Оваа амбициозна и посветена музичарка достојно ги преставува Охрид и Македонија на меѓународниот музички свет. Новеска својата музичка наобразба ја продолжи во Букурешт, Романија. Неодамна се стекна со дипломи, заврши два Факултети за педагогија и соло пеење. Новеска со својот талент, музички квалитет и трудољубивост не остана незабележана од романските музички педагози. За нејзините музички остварувања е добитник на бројни награди .

„Многу сум задоволна од поддршката во Букурешт. Прекрасно е да си дел од различни култури, многу ме поддржуваат. Ми доделија медалја , ме прогласија за првенец на генерација. Деканката одржа говор и се почуствував ценето. Тоа за секој човек е многу убаво, кога се исплаќа трудот и се чувствуваш ценето и почитувано каде и да си“, вели искрено Новеска.

Миланка Новеска досега настапувала во бројни музички проекти, а била дел и од ролји во Националните Опера и Радио во Букурешт. Никогаш не сум почуствувала дека сум странец во Романија, да ме одвоиле, вели Новеска. Се воодешевуваат не само од пеењето туку и од високиот степен со кој го зборувам романскиот јазик, додава Новеска. Во моментов е дома, во Охрид, каде што се подготвува за настап на 25 јули во Стокхолм, Шведска.

„Драг ми е тој концерт затоа што со мене ќе настапува мојот свршеник Роде Густавсон на виолина. Клавирската придружба ќе е на неговиот татко Тјорбен Густавсон. Тоа ќе биде убава семејна атмосфера и убав момент за сите нас“, вели Новеска пред престојниот концерт во Скандинавија.

Миланка Новеска открива за нејзините идни музички планови. Низ насмевка кажува дека се подготвува за приемен испит за магистерските студии. Со магистратура ќе продолжи на Музичкиот Факултет во Букурешт. Каде понатака ќе ја води животниот пат не знае, остава на судбината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top