Охридската музичка група „Камелеон“ одбележува дваесет години од постоењето

Пред крајот на годината го најавуваат својот прв концерт за кој велат дека ќе биде вистинско аудио-визуелно уживање. Највавуаат нови песни во нови аранжмани како и многу гости.

 |   | 

Пред крајот на годината го најавуваат својот прв концерт за кој велат дека ќе биде вистинско аудио-визуелно уживање. Највавуаат нови песни во нови аранжмани како и многу гости.

Вистински празник за љубителите на музиката. На 29 декември во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, охридскиот бенд „Камелеон“ ќе одбележи 20 години од постоењето. Станува збор за нивен прв концерт за кој се надеваат дека нема да биде последен, настан кој веќе неколку месеци го подготвуваат. Драган Василески – Пајче, вокал на „Камелеон“, порачува дека љубителите на музиката ќе уживаат во едно вистинско аудио-визуелно уживање, највавуаат нови песни во нови аранжмани како и многу гости и секако многу изненадувања..

„На концертот ќе бидат изведени 17 наши песни, сите авторски,  две песни ќе имаме со колегите Жармена и Ѓоко Танески, најверојатно, не можам со сигурност да кажам, се подготвува и нова песна, која доколку успееме ќе ја презентираме на концертот, а ако не веднаш после концертот ќе имаме тонски запис за таа песна“ вели Тони Јованоски – пајче – вокал  „Камелеон“.

Гости на концертот ќе бидат Горан Папаз, Ѓоко Танески, градски мешан хор Лихнидос, студентски квартет, и познатиот виолинист Џевад Рамадоноски. Во составот заедно со „Камелеон“ ќе бидат уште и Жармена и Димче Контрозоски, перкусионистот Никола Тони, како и пратечките вокали Ана Костадиновска и Сара Николовска. За тоа како успеале да опстојат дваесет години на македонската музичка сцена, проговори гитаристот на бендот Роберт Милески.

„Мислам дека дел од тајната лежи во публиката, што сите овие дваесет години не прифаќа. Секоја наша песна помалку или повеќе е прифатена од публиката. Меѓу нас не дека некогаш немало некакви трзавици или искри но воглавно преовладува почитување и пријателство, вече дваесет години сме заедно и на некој начин сме фамилија. И секако желбата за свирење, творење додавање на некоја нова песна во нашиот репертоар“, објаснува Роберт Милески – гитарист „Камелеон“.

Концерот на „Камелеон“ ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Од 20 до 20 сите во Охрид“ која ја организира Општина Охрид, а е и еден од подржувачите на концертот. Билетите за концерот се по цена од 250 денари, а во продажба ќе бидат пуштени деновиве во маркетот „Тамаро“ тезга „Аждер“ и во продавницата „Зи Зи Топ“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top