Охридската легенда хотелот Ривиера, со ново име и нов начин на работа

Охридската легенда хотелот Ривиера, со ново име и нов начин на работа бележи успеси. Ова е прва сезона одкога со овој хотелски капацитет раководи нов менаџерски тим кој е задоволен од посетеноста  и потрошувачката на гостите. Тие вовеле многу новитети во работењето,а уште многу ќе се инвестира во иднина.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Добра понуда, прифатливи цени, убав амбиент, стручен персонал, ова е формулата за успешната сезона на хотел Нова Ривиера. Овај хотелски капацитет кој се наоѓа во центарот во градот од оваа пролет има нов менаџерски тим, нов начин на работа и нови гости. Околу 2000 туристи во изминативе три месеци престојувале токму таму. Имало гости од Црна Гора, Словенија, Бугарија, Србија и секако од Македонија.

Во ниеден момент не се покајавме што влеговме во туристичкиот бизнис бидејќи Охрид е бисер балкански и има многу нешта што може да ги понуди, факт е дека не се искористени сите можности и целокупниот капацитет кој може Охрид да го понуди и наше мислење е дека треба многу да се работи на тоа Охрид да биде понуден и да имаме сите бенефит од тоа, а и република Македонија, вели Јане Тодороски, менаџер на хотел Нова Ривиера.

Нова Ривиера на гостите им организира разгледи на градот на културно -историските споменици во Охрид заедно со туристички водич. Овој хотелски капацитет целосно е ставен во функција на гостите. Реновирани се собите, рецепцијата, ресторанот, менито е комплетно сменето, а за наредната сезона најавуваат уште многу новитети.

Покрај централното градско подрачје во кое е сместен  имаме и сопствен паркинг, целосно е реновиран хотелот, има комплетно ново мени во кое се застапени многу традиционални јадења кои гостите ги бараат, а располагаме и со стручен кадар кој е обучен да одговори на задачите, вели Тодороски.

Овај хотелски капацитет кој е еден од постарите на охридското крајбрежје и кој охриѓани и гостите го препознаваа под имет Ривиера, годините наназад доживеа многу успони и падови. Имаше дури и еден период од неколку години кога целосно беше затворен. Нo со добра визија и добар менаџерски тим  хотелот сега наречен Нова Ривиера започнува ново поглавје во своето работење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top