Охридска Проаква ќе бара раздружување од струшката работна единица

Охридска Проаква ќе бара раздружување од струшката работна единица.

 |  Валентина Неловска  | 
проаква
проаква

Директорот на МЈП Проаква,Томе Паскалоски најави мерки со кои ќе се подобри финансиското работење на претпијатието. Паскалоски не е задоволен од поставеноста на фирмата како Меѓу општинско јавно претпријатие со струшката работна едница. Веќе презеле чекори за разрешување на ситуацијата која не оди  во прилог на охридското ЈП Проаква.
вода
„ Ние сме МЈП Проаква, но со анекси во 2007 годин се дадени права за финсиско раководење и располагање со средствата на РЕ Струга за нивниот дел. Моментално и овластувања во менаџирање со човечките ресурси , може да вработува и отпушта без консултација со генералниот директор, тоа сум јас, де јуре сум јас , но дефакто не. Немаме ингеренции во Струга и под такви околности со градоначалникот презедовме мерки и дадена е инцијатива на влада за раздружување на претпријатието да остане охридско“, кажа Паскалоски.       

Покрај овој чекор Паскалоски најави дека од друга страна ќе бараат повторно да се спои кон нив ЈП Нискоградба. ВО 2010 година по формирањето на ова претпријатие,  Проаква претрпела големи  финансиски загуби, а никаде не е пракса водовод да и каналзиација да функционираат одвоено, вели Паскалоски. Исто така се изјасни и за прекинување на досегашната постапка за давање на фирмата под концесија.

проаква„ Сега сме во фаза  да се прекинат преговорите со познатиот концесионер затоа што правната постапка не е водена како што треба  и наша желба е оваа фирма да остане градска и јака“, кажа Паскалоски.  

Директор на МЈП  Проаква, Томе Паскалоски денес  даде отчет за сработеното во неговиот двогодишен мандат. При тоа напомена дека за овој период  фирмата е финансиски стабилизирана и е надминат хаосот кој владеел претходно. Загубата на претпријатието била намалена за 28 милиони денари, наплата е зголемена за 30 посто, наплатата на вода пак за 100 посто. Доцнењето од 5 плати сега е редовно  и намалено на 3, кажа Паскалоски  за сработеното во периодот од кога тој е на чело на ЈП Проаква.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top