Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја.

 |  Валентина Нелоска  | 
bolnica
болница

До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.
Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.
Синоќа, болничкиот комплекс на Охридската општа болница под налетот на силното невреме што го зафати Охридксиот реон најпрво го погодил трансформаторот. Болничките одделенија потонаа во мрак.  Многу одделенија зависни од електричната енргија не работеа  се до претпладневните часови. Портапролот на ЕВН, Атанас Ковачески потврди дека од охридската болница побарале да им го исклучат напонот на трансформаторот. „Веднаш по отстранување на дефектот кој е обврска на болницата вели Ковачески ние ќе обезбедиме повторно приклучување. Доколку им е потребно стоиме и на располагање“.
И од Јавната здравствена установа Општа болница Охрид потврдуваат дека синоќа  останала без струја. За среќа пациентите кои се затекнале во нивната институција немале сериозни последици по здравјето.
Д- р Сашо  Василески, специјалист интернист, за ТВМ изјави дека во болницата дошло до  целосен прекин на електрична струја. По дефектот со трансформаторот околку 22.30 часот бил вклучен болничкиот генератор. По  6 часа од неговото работење дошло до дефект и на генераторот.
На остранување на дефектите работеле три екипи, сервисна екипа од Скопје, екипа од Емо како и електричари од болницата.

Подоцна, од  контактот со Д-р Сашо Василески добивме информација дека дефектите се отстранети околу 13.30 часот и  болницата работи нормално.
Синоќа, под налетот на силниот дожд и ветер имало само пад на напон на напојување со електрична енергија на градот но не и посериозни дефекти  во другите делови на Охрид информираат од ЕВН.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top