Охрид сардисан од кучиња скитници

Граѓаните бараат надлежните што поскоро да го решат проблемот со кучињата скитници. ЈП „Комуналец“ не може само да се справи со кучињата па затоа на помош ја повика   
организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kucinja
кучиња

Кучињата скитници повторно го окупираат градов.  Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани  преплашиле, нападнале па дури и касналее. Охриѓани бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем.

Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа вели дека овој проблем се провлекува години наназад.  Во Охрид повеќе од потребна е модерна шинтерска служба, но без финансиска поддршка на Локалната  тоа е невозможно, додава директорката.кучиња

Во почетокот на секоја година ние се обраќаме со наша програма до Локалната самоуправа за нивно учество во овие проекти, но тие обезбедуваат само еден дел од средствата така да проектите не можат во целост да се реализираат, вели Скрческа.

Скрческа  потенцира дека во тесна соработка се со Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“  на која им ги имаат отстапено четирите кафези кои се наоѓаат во близина на дирекцијата на јавното претпријатие за таму да ги згрижуваат уловените кучиња скитници. Но, од „Анималија“ велат дека овој простор е многу мал. Тие започнале со реализација на проектот за фаќање, стерилизирање и повторно враќање на кучињата но тој проект замрел поради немање пари. Додаваат дека не можат да се потпрат само на парите добиени преку некои фондови туку дека и општината мора да партиципира бидејќи тоа и е и законска обврска и во буџетот се издвојуваат средства токму за оваа намена. Од „Анималиа“ велат дека најдобро решение за овој проблем е изградбата на стационар. Тие испратиле и писмо до градоначалникот Бакрачески со предлог проекти како би се остварило прифатилиштето за бездомни животни, како и позитивни примери како тоа функционира во други земји. Досега не добиле одговор од локалната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top