Огласите за вработувања во Општина Охрид се дел од годишниот план за вработување

Тивко се одржа 60-та седница на советот на Општина Охрид. За истата ниту медиумите, ниту граѓаните не беа известени благовремено поради како што велат од Локалната технички пропуст. Вчера се гласаше по пет точки на дневен ред, од кој најактуелна за опозицијата беше измената на планот за вработување.

 |   | 

Поради ненамерен технички проблем 60-та седница на Општина Охрид се одржа без да бидат известени медиумите и граѓаните, велат од Локалната самоуправа. Од вчерашните точки предвидени на дневниот ред, дискусија предизвика гласањето на измената на годишниот план за нови вработувања во општината.

Координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска вели дека не го поддржуваат целосниот годишен предвиден план за нови вработувања и од кога е донесен апелираат да се намалат вработувањата во Општината, на кој апел од локалната не се одважиле. Што се однесува до измената на вчерашната седница, Коњаноска вели дека не ја поддржуваат поради солидарност затоа што не го одобруваат годишниот план. Моментално е отворен оглас за нови 15 вработувања во Општина Охрид, за кои секретарот Игор Бежовски вели дека се дел од годишниот план за вработување кои се предвидени со последните измени на планот, а не дополнителни вработувања.

Што се однесува до вчерашната точка на седница, станува збор за втора измена на годишниот план за вработување. Ние пред два месеци имавме измени на план на вработување и во тие измени имаше осум планирани движења на кадарот во оваа година, сега се направи од осум на девет значи едно место плус планирано движење во текот на годината. Според последните измени на годишниот план за вработување имавме предвидено 37 вработувања, а сега се 40. Значи се работи за разлика од три вработувања.-истакнува Игор Бежоски.

Тој појаснува дека јавните огласи не секогаш значат нови позиции, туку и трансформација на вработени во Општината кои не може да бидат унапредени преку интерен оглас кои се распишуваат за унапредување на кадарот во секторот.

-Еве сега имаме оглас конкретно за 15 луѓе или сите 40 како што кажав. На јавниот оглас може да се пријави секој кој ги исполнува условите, на тој оглас може да се пријави и лице надвор од општината и лице кое е веќе вработено во општината меѓутоа сака да напредува во кариерата и не може на интерен оглас. Не значи дека сите тие 15 сега што конкретно се распишани сега или во иднина 40 во иднина хипотетички ако се објават дека сите тие ќе се нови.-појаснува Бежоски.

Локалната самоуправа како што дополни секретарот е законски обврзана да го донесе годишниот план за вработување, а бројката се носи според предвидувања од податоците со кои располагаат за постојните кадри, за пензионирање, унапредување на кадарот или испразнување на позиции и секогаш се оставаат места плус во случај да, доколку има потреба да можат да бидат отворени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top