Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

 |   | 

Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија.

Наш фаворит за општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид кој во овие неколку години, за жал, го изгуби, дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО. Гледаме предност на Кирил Пецаков во однос на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од СДСМ, затоа што тој има селективен пристап кон охриѓани. За некои охриѓани тој е човек кој руши дивоградби, а за други кои се моќни, кога треба да им руши нешто на нив, вели дека стравува за неговиот живот и таквиот селективен однос ги прави нерамноправни граѓаните на Охрид.-истакна Милошоски.

Пецаков во моментов е пратеник во Собранието на Република Македонија, а претходно беше советник во Советот на општина Охрид.

Приватно Пецаков е сопруг и родител, како и поранешен активен спортист.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top