Одложено гласањето за статусот на Охридскиот регион под УНЕСКО

Сеуште нема епилог од расправата по нацрт-извештајот за идниот статус на заштитеното културно и природно наследство на 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу.

 |   | 

Нема епилог од расправата по нацрт-извештајот за идниот статус на заштитеното културно и природно наследство на на Охридскиот регион на 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО, што се одржува во кинескиот град Фуџоу. Текстот на одлуката по кој ќе се гласа за статусот на Охридскиот регион го пегла посебна група која ја формира претседавачот со сесијата. 

Расправата започна со дискусија за извештајот во кој се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, на централно  и локално ниво кон Охридското Езеро и градот како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација.

Увод кон извештајот и предлогот регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност дадоа првите луѓе на советодавните тела на Комитетот за светско наследство.

Претставниците на реактивната мнониторинг мисија од 2020 заклучија  дека треба да се направат поголеми напори за третирање на отпадните води и воспоставување на систем за собирање на отпадните води, како и контрола на инвазивните видови.  И ова не се однесува само на заканите врз природните богатства, туку хидрографијата и биодиверзитетот на Охридското Езеро останува изложена на опасност, заедно со целиот езерски систем, од страна на загадувањето и притиоскот кој го врши туризмот. Како и поради резултатите на неконтролираниот урбан развој и несоодветната експлоатација на крајбрежните зони – кажа Бруно Берле – Извршен дикрекотор на IUCN – Меѓународна унија за конзервација на природата и природните ресурси.

Слично беше и излагањето од ИКОМОС советодавното тело за заштита на споменици и историски локалитети. 

Иако ги поздравуваме брзите активности преземени во одредени области од страна на двете страни, ИКОМОС, сепак смета дека напредокот кој е постигнат не е доволен во споредба со обемот на големиот број закани со кои се соочува неверојатната универзална вредност на регионот, ниту кореспондира со итноста на ситуацијата из големувањео на деградацијата на истиот. ИКОМОС смета дека без јасна и од двете страни признаена и сфатена смена на насоката, неверојатната универзална вредност на регионот, ќе подлегне пред брзите закани непорправливи униврзални закани на кои подлежи. Стопирање и враќање на кумулативната деградација ќе изискува големи напори, на подолг временски период. За да се постигне ова сметаме дека итно е потребно да се донесе јасно дефиниран страешки план за опоравување, да се преземат конкретни активности на краток среден и подолг период со користење на адектватни извори и јасна визија за регионот – кажа претставничката на ИКОМОС.

Босна и Херцеговина стави амандман во драфт верзијата на одлуката со кој на Македонија и Албанија им се дава дополнителен период од две  години за имплементација на препораките. Босна со аманадман побара бришење на делот во одлуката поседот да се стави на листата светско наследство во опасност.

На вакви измени во нацрт верзијата на одлуката се спротистави Норвешка после што Заседавачот со сесијата формира посебна група во која покрај Босна и Норвешка ги додаде и претставниците на Центарот за светско наследство, Русија и Бахреин.

Точката за Охридскиот регион ќе биде вратена на дневен ред откако групата ќе го  испегла текстот на предлог одлуката.

Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top