Одбележан јубилејот на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“

Со пригоден коктел одбележан 50годишниот јубилеј од континуираната адвокатска работа, на провото охридско адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“. 

 |   | 

На 13 октомври далечната 1967 година познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата. Таткото на адвокатот Ристе Новаковски, Фидан пак повеќе од дваесет години работел како јавен правобранител. Така впрочем и започнува адвокатската приказна на овие три охридски семејства за кои правото е повеќе од само професија со која се занимаваат, кои неодамна одбележаа и педест годишен јубилеј. Новакоски раскажува дека дружбата која постоела меѓу нивните родители како и љубовта кон професијата тие само ја продолжиле и верува дека и нивните деца тоа ќе го сторат.

„Значи се гордееме и сме задоени со оваа професија и со правото, како што гледате нашите семејства немале избор, односно не правеле избор сме ја засакале професијата и сакаме чесно да ја оставиме на нашите деца како што ние ја наследивме од нашите родители.Целта ни е овде каде што стигнавме да продолжиме со истото темпо,а нашите деца идни адвокати по светот да ја шират оваа професија бидејќи сите чувствуваме дека Македонија, со евроинтеграциите ќе стани една нормална правна држава дека ќе имаме искуство по светот“ вели Ристе Новакоски – Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“.

Никогаш немало сомнеж при изборот на професијата, а потоа и за тоа дали ќе биде адвокат или нешто друго, вели Драган Гоџо. Станува збор за специфична професија која подразбира борба за правда и високи морални и човечки квалитети, како и соработка со неговите партнери во успешно бавење со истата. А, причини за славење има многу рече тој.

„Многу сум среќен што првенствено повеќе од нашите деца се на правните факултети, па се надеваме дека ќе ја продолжат традицијата, исто така сме среќни што сме и првото адвокатско друштво формирано во Охрид, па така имаме повеќе причини да бидеме среќни“ кажа Драган Гоџо – Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“.

На свеченоста по повод јубилејот ги поздрави претставникот на битолската адвокатска заедница, адвокатот Васко Ѓорѓев. Тој истакна дека адвокатурата е специфична професија која подразбира борба за правда, застапување на послабиот, застапување секогаш на интересите на странката и доверба во вас како човек и како личност.

„Фактот што денеска имаме адвокатско друштво кое слави 50-годишен јубилеј, а тоа го наследуваат нивните потомци, говори дека се работи за успешни адвокати, адвокати од доверба и борци за човекови права, за што треба да им се оддаде голема почит“ се обрати Васко Ѓорѓев – адвокат.

Носителите на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ велат дека секој од адвокатите си има своја специјалност на која работи, но секогаш се добредојдени советите од колегите. Само на ваков начин успехот е загарантиран, а опстојувањето полесно. со пригоден коктел ќе го одбележат 50годишниот јубилеј од континуираната адвокатска работа. Основачите на друштвото велат дека приказната која започнала пред половина век, продолжува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top