Одбележан денот на реката Црн Дрим со проектот „Сино–зелено наспроти црно–сиво“

Со цел да се подигне свеста на луѓето, особено на младите, за исклучителната универзална вредност на регионот како и да се промовираат конкретни и сеопфатни активности кон зачувување на биодиверзитетот на реката Црн Дрим, нашата земја заедно со соседна Албанија го реализираа проект Сино – зелено наспроти црно – сиво.

 |  Билјана Николоска  | 

Со цел да се подигне свеста на луѓето, особено на младите, за исклучителната универзална вредност на регионот како и да се промовираат конкретни и сеопфатни активности кон зачувување на биодиверзитетот на реката Црн Дрим, нашата земја заедно со соседна Албанија го реализираа проект Сино – зелено наспроти црно – сиво.

Традициите се создаваат и тие се нешто вредно бидејќи од нив потекнуваат нови иницијативи и соработки, истакна националниот координатор на проектот „Денот на Дрим“, Дејан Паноски. Настанот „Денот на Дрим“ годинава бележи мал јубилеј, 5 години од одбележувањето. Целта е да се покрене свеста на локалните заедници и пошироката јавност за значајноста на прифатливо управување со под – басените на реката Црн Дрим, вели Паноски.

„Оваа година фокусот беше ставен на прекуграничните активности и соработка која пак соработка всушност е фундаментот за се она што треба да следи и како заштита и како управување. 00:50+ 01:12 Во овој момент изготвени се извештаите за целокупниот слив на Дрим што се однесуваат на биодиверзитетот, на социо економијата на загадувањето, на хидрологијата, на институционалната постсавеност и секако со поврзаноста на енергетските потенцијали“ – Дејан Паноски – национален координатор на проектот Денот на Дрим

Значајноста на проектот „Сино – зелено наспроти црно – сиво“, е тоа што луѓето почнаа да се запознаваат и да се дружат, истакна проект менаџерот Милчо Јованоски. Тој нагласи дека пред само 5 години луѓето од двете страни на езерото не знаеа што се случува од другата страна.

„Се надевам дека сето ова што го правиме сите овие контакти помеѓу невладините организации прават еден мост преку езерото, поврзување ан луѓето си ги подаваме рацете, интелектуално размислуваме што треба да се направи за да имаме подобра живеачка, а знаеме дека природата е најважното нешто што треба да го сочуваме ако е немаме здравата вода за пиење, ако го немаме езерот и чистиот воздух, ние сме ништо, знаме што се случува во светот и како велат дека најголемата борба на човештвото ќе биде здравата питка вода за пиење“– Милчо Јованоски – проект менаџер

Партнер на проектот од албанската страна е Невладината организација „Интелектуална жена“ од Поградец. Претставникот Ариан Мероли истакна дека најважниот фактор со кој би имале заштита на животната средина е соработката помеѓу двете земји.

„Нашата идеја на овој заеднички проект беше да видиме како мислат децата за животната средина. Мислам дека овој проект ќе има директен импакт кај децата бидејќи децата гледаат што е добро а што лошо и како може нештата да ги менуваме со состојбата што ја имаме во сливот“-Ариан Мероли – проект менаџер на албанска страна.

Убавините и критичните точки на регионот на Охридското Езеро беа претставни на изложбата и на мини каталогот, албум, создаден од локалните НВО од Охрид и Поградец. Основците и средношколците направија 500 фотографии од прекрасниот регион преку кои ги истакнаа не само богатото културно наследство, туку и предизвиците за заштита на овој регио. Но од нив само 60 беа избрани како дел од заедничаката изложба на Македонија и Албанија. На одбележувањето на „Денот на Дрим“, се обрати и претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска која нагласи дека преку реализацијата на ваквите проекти заенички ќе придонесеме за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина . Свое предавање пред присутните на оваа тема имаше и директорката на Хидробиолошкиот институт Елизабеда Велјаноска Сарафилоска.           

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top