Од вечерва за половина денар поскап бензин

Понеделник е ден во кој ги очекуваме новите цени на горивата, кои регулаторната комисија за енергетика и водни услуги редовно ни ги сервира.

 |   | 

Понеделник е ден во кој ги очекуваме новите цени на горивата, кои регулаторната комисија за енергетика и водни услуги редовно ни ги сервира.

А тие најчесто се повисоки, како што е и сега случај со бензините, за среќа само за половина денар. Така од среде ноќ за литар моторен бензин еуросупер БС-95 ќе плаќаме до 67, а за литар еуросупер БС-98 по 69 денари.

Цената на дизелот останува иста – 62 денари за литар. До оваа минимална корекција дојде заради минималните зголемувања на референтните цени на дериватите на светските берзи – кај бензинот за 2,38% а кај дизелот за околу 1,43%, додека истовремено доларот поевтини за 0,89% во однос на изминатиот седумдневен период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top