Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија критики до охридскиот градоначалник

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија низа критики на адреса на охридскиот  градоначалник и општинската администрација. Го повикуваат градоначалникот јавно да го каже долгот на општината. Исто така, обвинуваат дека низ градот  никнуваат помали диви депонии кои  не се чистат.  

 |  Валентина Неловска  | 

На прес конференција од ОК на Вмро Дпмне упатија критики за работењето на градоначалникот Јован Стојаноски и администрацијата. Повикуваат, градоначалникот јавно да го каже износот на долгот на општината и да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција. Перчо Божиноски, портпарол на ОК Вмро ДПМНЕ, праша зошто го применуваат менаџирањето на долгот на начинот кој го промовираше и спроведе минатата Локална власт, а претходно истиот го критикуваа.

„Јован Стојаноски, за првпат како претставник на СДСМ уште во октомври на дебатата на кандидтатите за градоначалник на Охрид, јасно прецизира дека долгот кој се дефинира во 2013-та на Општина Охрид е 50 милиони евра. Сега и по последното гостување во телевизиската емисија „Под Лупа“ избегнува да одговори на темите за проекти и долгот. Зошто сега јавно не излезе и не го соопшти долгот кога има се во свои раце“, прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Божиноски упати критика дека низ целата општина никнуваат помали диви депонии.

„Секојдневно никнуваат нови депонии по патот до село Рамне, и покрај тоа што Рамне спаѓа во Националниот парк „Галичица“. Ги повикуваме надлежните институции од ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш да реагираат, отпадот да се подигне, а од страна на НП „Галичица“ и комуналните инспекции да излезат на терен и да се фатат за работа“,порача Божиноски.

Перчо Божиноски, портпаролот на ОК на Вмро Дпмне критикува дека на средбите со жителите од урбаните заедници го нема градоначалникот, туку доаѓаат претставници од локалната самоуправа, и дека сеуште не назначил заменик-градоначалник според Законот за локална самоуправа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top