Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик Божик

Храна  донираа  уште три општествено одговорни компании пекарниците Жито леб и Феникс , слаткарницата Палма. Апелираат оние кои се во можност да се вклучат во вакви акции да се направи  банка за храна наменета  за луѓето кои се на работ на егзистенција. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик да имаат празнична трепза на Божик. Во донаторската акција со палета од производите им се приклучија пекарниците Жито леб и Феникс, како и слаткарницата Палма. Пакетите со храна беа поделени во Народната кујна каде што социјално загрозените сограѓани добиваат храна од понеделник до петок. Оваа акција е за прв пат, а нашата намера е во иднина да ги мотивираме и другите компании да бидат хумани и да помислат на луѓето кои живеат на работ на езгистенција, вели Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори.

„Да бидеме лидери да направиме банка за храна со група компании. Храна ќе се донира не само на ранливата категорија луѓе кои не можат да си дозволат еден оброк туку и на другите кои неможат да врзат крај со крај во месецот за да излезат од агонијата во која се нашле“, подвлекува Јованоска.

Од охридскиот Центар за социјални работи напоменуваат дека Министерството за труд и социјална политика има обезбедено 100 оброци дневно за граѓаните во социјален ризик. Оваа бројка во нивниот центар е променлива во текот на годините.

„ 2108 година ја завршивме со 66 оброци за 29 семејства. Во летниот период луѓето работат и се откажуваат од оброци, а во зима потребите растат. Ние се трудиме како тим веднаш да им излеземе во пресрет и да  одговориме на нивните потреби“, напоменува Дарко Мојсоски кој е дел од охридскиот тим на центасрот за Социјални работи. 

Од Народната кујна беше упатен апел оние кои се во можност да се вклучат во вакви донаторкси акции. На тој начин ќе им се помогне на сограѓаните кои од разни прични се нашле на работ на егзистенција да не бидат гладни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top